Веруваме дека голем број од вас допрва ги очекува одмор или пак веќе ги полнат батериите за претстојната сезона. Затоа, нашиот денешен предлог е парче кое одлично може да се вклопи во вашиот гардеробер, токму за овој период од годината.
Едно од нашите омилени летни парчиња е плетено-памучен фустан на прерамки. Удобен е, едноставен и совршен за лето. Овој што денеска е дел од тренд-аларм, е во светла нијанса и е од Манго, а достапен е и во црна варијанта.
Можете да го комбинирате за летни прошетки, за на плажа, па дури и и летни забави, со соодветни модни додатоци.
А кога сме кај модните додатоци, ние овој пат го искомбиниравме со совршена чанта со принт, во слична нијанса. Чантата може да се носи со ремен и без.
Обувките ви ги препуштаме вам, во согласност со тоа за која пригода сакате да го носите.
Комбинација: Fashion group
Фустан: Манго
Чанта: Парфоа
Стајлинг: Fashionel
Модел: Анастасија Василевска
Модна агенција: Моделс Ин
Шминка и фризура: Елена Лука
*спонзорирана објава