Оваа пролет ние ги обожаваме пастелните нијанси, а најмногу од сите, неодоливата и секогаш шармантна розова боја.
Денеска ви предлагаме еден токму таков, целосно розов стајлинг во неколку прекрасни варијации од оваа позитивна боја.
Задолжителни за сите девојки оваа сезона се класичните и стилски панталони кои му даваат елегантна доза на секој ваш стајлинг.
Пролетва ослободете се од сите темни нијанси и набавете си од овој модел панталони во слатка розова боја на која мора да ѝ дадете шанса.
Додека сѐ уште можете, панталоните комбинирајте ги со нежно тенко џемперче со ѕвонести ракави, совршено за ова време од годината.
Комбинацијата истакнете ја со уникатни и впечатливи чевли, во случајов фантастични сандали со интересни ремчиња кои совршено се надополнуваат со другите парчиња од комбинацијата.
Бидете шик девојка и одберете го ова неодоливо венче за на глава кое дополнително ќе го разубави вашиот изглед.
Стајлинг: Fashionel
Комбинација: Fashion Group
Панталони, џемпер, сандали: Mango
Венче: Parfois
Модел: Елена Србиноска
Модна агенција: Моделс Ин
Шминка: Елена Лука