Нема ништо поубаво од бела комбинација во лето! Ако не сте обожавател на белите парчиња, тогаш оставете оваа комбинација да ве предомисли.
Она што ние ви го предлагаме денеска се неодоливи бели панталони во кои ќе се чувствувате едноставно прекрасно. Можете да ги носите со што и да посакате, без разлика дали е тоа едноставна маичка или пак елегантна кошулка за на работа.
Во случајов, панталоните ние ги комбинираме со тантелна блузичка со откриени рамена и широки ракави.
За комбинацијата да биде уште поубава и полежерна, надополнете ја со рамни кафени сандали со ремчиња и бохо ранче кое го обожаваме ова лето.
Кошулката можете да ја носите и со некои едноставни фармерки со висок струк, доколку сакате дополнително да ја истакнете.
Комбинација: Fashion group (Mango)
Кошула, панталони: Springfield
Ранче: Parfois
Сандали: Mango
Стајлинг: Fashionel
Модел: Миа Мојсовска
Модна агенција: Моделс Ин
Шминка и фризура: Елена Лука