Тренд аларм: Широки панталони + црвено бела блузичка во пруги

6 април 2017

Иако деновиве уживаме во малку пониски температури, тоа не значи дека не треба да се подготвуваме за топлите денови што се пред нас.

Она што денеска ви го предлагаме, а е задолжително за оваа пролет, се овие широки панталони во темно сина боја кои можете да ги комбинирате буквално со што и да посакате.

Во случајов, ние ги носиме со безвременска памучна блузичка во црвено – бели пруги која секогаш ќе биде must have во сечиј плакар.

Кога времето ќе ни дозволи, она што треба да го направите е да инвестирате во овие слатки сандали во темно сина боја со врвки кои изгледаат подеднакво добро и со панталони, но и со некое шик фустанче.

Надополнете ја комбинацијата со хит модните додатоци како впечатливото чокер ланче со колоритни мониста и оваа тексас чанта која во предниот дел е извезена со неодоливи цветови и има интересен начин на закопчување.

Стајлинг: Fashionel

Комбинација: Fashion Group

Панталони, блуза: Springfield

Чокер, сандали, чанта: Parfois

Модел: Елена Србиноска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка: Елена Лука

Објавено:
6 април 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.800 пати