Во деновите кога температурите се покачуваат и можеме да кажеме дека наскоро доаѓа лето, време е да се подготвиме со стил.
Постојат неколку парчиња што ова лето мора да ги имате во вашиот плакар и кои досега се покажаа како есенцијални за претстојната сезона.
Една од нив е и кошулата со откриени рамена која дефинитивно е една од омилените на девојките оваа сезона.
Во случајов, истата е со ѕвонести ракави што ја прави уште попривлечна и со слатки копчиња во предниот дел.
Носете ја со тесни фармерки и високи потпетици за шик пригоди, но и со куси тексас панталончиња и балетанки и патичиња за долги прошетки под пролетното сонце.
Стајлинг: Fashionel
Комбинации: Fashion Group
Кошула, фармерки: Mango
Чевли: Bata
Очила за сонце: Parfois
Модел: Фросина Блажеска
Модна агенција: Models In
Шминка и фризура: Елена Лука