Тренд аларм: Сино – зелена комбинација за модерни мажи!

27 февруари 2015

Момци денеска направивме комбинација од вашите омилени бои! Ви предлагаме слатки пастелно зелени панталони, комбинирани со кошула во темно сина боја со интересни посветли детали низ целата површина.

Бидејќи денеска имаме убава температура во градот, иако времето е целосно сиво, изгледот надополнете го со пролетна тренди јакничка во темно зелена боја.

Особено тренди во денешниот стајлинг со парчиња од Спрингфилд, се патиките во темно сина боја со жолта трака од истиот бренд, чиј модел допрва ќе го гледаме низ улиците, со оглед на тоа што истиот е еден од најбараните.

Ви посакуваме убав петок момци!

Објавено:
27 февруари 2015
Категорија: 
Тренд