Тренд аларм: Скршете ги сите правила!

10 октомври 2016

Оваа есен ние сакаме да ги кршиме правилата, па затоа носиме широки блузони и ги комбинираме со најразлични модни додатоци.

Денешниот тренд аларм го посветуваме токму на ваквата комбинација која ја надополнуваме со кожени црни панталони кои се совршен избор за ова време од годината.

Блузонот е во сива нијанса и на истиот е испишан интересен натпис по кој понекогаш сите треба да се водат.

Она што е особено интересно во оваа комбинација е марамата во темно црвена боја со точки по површината која овој пат ја носиме околу вратот, но со истата може да експериментираме и да биде ваш сојузник во деновите кога немате време за вашата фризура.

Што се однесува до обувките, стајлингот надополнете го со бели патики како огромен есенски хит од кој никогаш не ни е доста.

Комбинација: Fashion Group

Блузон, панталони, патики: Mango

Марама: Parfois

Модел: Антонела Давитковска

Шминка: Елена Андовска

Објавено:
10 октомври 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.028 пати