Она што дефинитивно никогаш нема да излезе од мода се slip фустаните за кои девојките секогаш се расположени.
Денеска ви предлагаме еден таков со интересен спој на бои кои изгледаат одлично заедно. Станува збор за фустан со едноставна кројка и супер материјал, кој е совршен за разни пригоди.
Она што е особено привлечно кај овој фустан е комбинацијата на бои од кои преовладува темно црвената, а подеднакво прекрасни се и нежно виолетовата и крем нијансата.
Овој елегантен фустан го комбинираме со стилски сандали на висока потпетица во темно црвена боја кои се совршено надополнување на и онака прекрасното парче.
Денеска решивме да не носиме модни додатоци, бидејќи фустанот говори сам за себе.
Комбинација: Fashion group (Mango)
Стајлинг: Fashionel
Модел: Миа Мојсовска
Модна агенција: Моделс Ин
Шминка и фризура: Елена Лука