Тренд аларм: Спортско – елегантна комбинација за шик денови!

23 февруари 2015

Денешната комбинација што ние ви ја предлагаме како тренд аларм е вистински синоним за шик девојка! Комбинираме неколку интересни парчиња од кои секое има своја уникатна приказна.

 

Носиме тренди блузонче во розова боја со интересен натпис што сам по себе кажува дека истото е задолжително парче! Го комбинираме со бели панталони со кои конечно ја повикуваме пролетта по која толку копнееме.

Одозгора, како совршен завршеток на целата комбинација, одберете црно елече што совршено ќе се вклопи во целиот изглед. Со елечето, одлично се согласуваат и денешните потпетици со дебела штикла каква што ќе владее низ улиците претстојната сезона.

Комбинацијата крунисајте ја со модерна чанта со принт и минимален ѓердан!

Објавено:
23 февруари 2015
Категорија: 
Тренд