Тренд аларм: Стилска сива комбинација за секоја пригода

2 февруари 2017

Во пресрет на пролетта која ја чекаме повеќе од кога и да е, последните студени денови поминете ги во стилски и топли комбинации кои подоцна можеби ќе ви недостасуваат.

Темните фармерки се класика што секоја жена мора да ги има во плакарот, а доколку ги комбинирате со кошула на пруги, тогаш имате полн погодок.

Сивиот капут е нешто задолжително во студените зимски денови, а денеска ви предлагаме еден навистина елегантен што ќе може да го комбинирате со што и да посакате.

Црните чизми до глужд се исто така задолжителни во овој период од годината, особено затоа што можете да ги носите со панталони, фармерки или некое плетено фустанче по ваш избор.

Бидејќи се надеваме на сонце овие денови, време е да си набавиме шик очила за сонце, а денеска ви препорачуваме едни токму такви, со совршена форма и уште поинтересен дизајн.

Блеснете во оваа навидум едноставна, но впечатлива и ултра женствена комбинација.

Комбинација: Fashion Group

Фармерки, кошула, капут: Mango

Чизми: Bata

Очила за сонце: Parfois

Шминка и фризура: Даниел Николовски

Модел: Калина Лозаноска

Модна агенција: Моделс Ин

Објавено:
2 февруари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.266 пати