Тренд аларм: Светкав фустан за празничните денови пред нас
•
5 јануари 2017
Се приближува крајот на работниот ден, по што сме сосема слободни неколку дена да уживаме во празниците што ни претстојат.
По тој повод, денеска ви предлагаме една супер комбинација во која ќе блеснете доколку некој од деновите планирате да го поминете на добра забава.
Станува збор за едноставен црн фустан со светки што е доволно впечатлив за каде и да се појавите. Го комбинираме со едноставни црни потпетици и некое интересно палто или наметка.
Бидејќи фустанот е доволен сам по себе, единствено што ви треба се овие фантастични сребрени шноли кои се хит за празниците.
Имајте убави и весели празници!
Комбинација: Fashion Group
Фустан: Springfield
Чевли: Mango
Шноли: Parfois
Модел: Соња Граждани
Модна агенција: Моделс Ин
Шминка: Студио Инфинито