Време е за експерименти со есенските комбинации! Иако од неодамна и официјално го означивме стартот на оваа дождлива сезона, времето е совршено, а температурите одлични па сѐ уште можеме да ги носиме омилените фустани.
Токму таква комбинација, со стилски свилен фустан во пруги ви предлагаме денеска, за сите забави и свечености што се пред вас.
Фустанот е навистина впечатлив поради неговиот принт, а уште поинетересен го прави јаката и длабокото, но суптилно затворено деколте. Истиот е со должина до под колената, па со тоа е соодветен и за на работа доколку го комбинирате со некое палто или стилска јакничка во студените утра.
Ние го надополнивме со ултра шик црни чизми до колената кои ќе бидат едни од омилените во претстојната зимска сезона поради нивната удобност, но и поради тоа што можете да ги комбинирате речиси со сѐ и да изгледате тренди во секој момент.
Половината ја украсивме со една од сѐ уште популарните чанти во интересни форми, овојпат во кружна форма и сличен дезен и боја како чизмите.
Ова е супер избор за некоја свечена пригода на која сакате да изгледате елегантно, но истовремено и тренди.
Комбинација: Fashion Group Macedonia
Стајлинг: Fashionel.mk
Фустан, чизми, чанта: Mango
Фризура и шминка: Елена Лука
Модел: Веда Евтимова
Модна агенција: Моделс Ин