Тренд аларм: Тантелна и романтична комбинација за убав викенд!
•
13 март 2015
Иако оваа комбинација е спој на две нежни парчиња од брендот Guess, сепак таа гласно говори дека вие сте самоуверена жена која не се плаши да го покаже својот сексипил.
Дел од комбинацијата е мини здолниште чија тантела на крајот го прави уште пософистицирано и атрактивно. Оваа комбинација ја надополнивме со тренди патики на висока платформа, кои исто така се изработени од светло розова тантела.
Чантата,исто така од брендот Guess, додава живост во црно- белата комбинација, а пак пораката на блузата ја разбива романтичноста на целиот изглед и додава нота на бунтовност.