Тренд аларм: Тантелна кошулка + светли фармерки

30 мај 2016

Ова лето сите трендови водат кон тантелата! Едно од нашите омилени парчиња е дефинитивно оваа слатка маичка со тенки прерамки и неодоливо шармантен дезен. Ја комбинираме со едноставни тесни фармерки во светло сина боја и удобни сандалки во кои сакаме да го поминеме целото лето. Највпечатлив дел од денешната комбинација е оваа црвена чантичка со цветови по површината која дополнително ќе го разигра стајлингот. Уживајте во сонцето со овие стилски очила за сонце и секогаш нежна шминка и едноставна фризура.

Комбинација: Fashion Group 

Маичка, фармерки: Mango

Сандали, чанта, очила за сонце: Parfois

Модел: Мартина Пенева

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Салон Infinito Skopje

Објавено:
30 мај 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
783 пати