Иако овие денови времето не ни оди баш во прилог, според сите прогнози викендов би требало да можеме да излеземе на прошетка со комбинација каква што сакаме.
По тој повод, не заборавајте дека тексас комбинезонот секогаш е во тренд, па така одберете еден навидум едноставен, но истовремено толку шик.
Ние обожаваме тексас парчињата да ги комбинираме со блузички и џемперчиња на пруги, па така е и овој пат кога носиме модел во темно сина и бела нијанса.
Патиките се многу удобни и неверојатно лежерни, а ранчето во најубавата есенска боја – прекрасната кафена!
Очилата за сонце и насмевката нека ви бидат единствените модни додатоци што ќе ги понесете со себе...
Комбинација: Fashion Group
Комбинезон, џемпер, патики: Springfield
Очила за сонце, ранче: Parfois
Модел: Антонела Давитковска
Шминка: Елена Андовска