Тренд аларм: Тексас кошула + мини кожено здолниште

14 ноември 2019

Во нашиот денешен предлог за Тренд аларм, правиме спој на неколку тенденции во една целина – а резултатот е супер кул комбинација.

Оваа сезона модниот акцент е на парчињата изработени од еко-кожа, па неминовно ги комбинираме во нашите аутфити кога сакаме да постигнеме трендовски ефект.

Тексас кошула во светла нијанса ја комбиниравме со црно мини здолниште од еко-кожа, а слоевит ефект во оваа комбинација постигнавме со впечатливиот „teddy bear" капут во кафена боја – сите парчиња се од актуелната понуда на Манго.

Ваквиот аутфит може да го надополните со чизми до глужд, но и со патики или со високи потпетици, што секако ќе има влијание во целината и во зависност од тоа дали се работи за кежуал, дневна или поженствена, вечерна варијанта.

Комбинација: Fashion Group Macedonia
Стајлинг: Fashionel.mk
Облека: Mango
Фризура и шминка: Елена Лука
Модел: Мања Блажевски
Модна агенција: Моделс Ин
Локација: Градинарски центар Фоја

Објавено:
14 ноември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.019 пати