Тренд аларм: Тренди жолт комбинезон за разни пригоди

18 мај 2018

Во време на матури, разни забави и свадби, веројатно е тешко да ја пронајдете вистинската комбинација за секаде.

Ние денеска сакаме да ви го олесниме изборот и да ви помогнеме да блеснете во вистинско светло каде и да се појавите.

Овој фантастичен и тренди комбинезон по многу нешта е посебен. Истиот е направен од лежерен материјал во кој уживате, панталоните на истиот се со широки ногавици и горе има неодолив украс и карнер како огромен хит летово.

Комбинирајте го со високи потпетици, во случајов темно црвени сандали кои се одличен контраст на жолтата.

Што се однесува до модните додатоци, доколку сте обожавател на аксесорари за глава, тогаш оваа колоритна марама е и повеќе од добредојдена, а и лесно се врзува.

Со минимална шминка, блеснете во овој шик комбинезон во кој знаеме дека се вљубивте.

Комбинација: Fashion group (Манго)

Стајлинг: Fashionel

Модел: Миа Мојсовска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
18 мај 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.680 пати