Иако деновиве најавија малку пониски температури, тоа не значи дека треба веднаш да се вратиме на зимските парчиња од кои дефинитивно ни е веќе доста.
Сега е вистинско време за пролетен шопинг во кој на листата задолжителни парчиња може да ставите еден чифт уникатни фармерки и секако, маичка во пруги.
Сандалите се едни од омилените парчиња во топлата сезона, а тие се совршен сојузник на било кој модел фармерки.
Овој пат, ние ви претставуваме едни во совршена крем нијанса со ремчиња во предниот дел кои одлично одговараат со оваа навистина уникатна плетена чанта.
Токму овој вид на модели се едни од омилените на девојките за оваа сезона, а можете да ги носите со што и да посакате и во секој момент да замислите дека се наоѓате на некоја совршена плажа!
Што се однесува до украсите, бидете шик девојка и оваа пролет носете колоритна марама на раката или вратот со што ќе оставите супер стилски впечаток.
Уживајте во пролетта со оваа неодолива комбинација која е пол погодок за било кое време од денот независно од приликата.
Стајлинг: Fashionel
Комбинација: Fashion Group
Фармерки, сандали: Mango
Блуза: Springfield
Марама, чанта: Parfois
Модел: Елена Србиноска
Модна агенција: Моделс Ин
Шминка: Елена Лука