Тренд аларм: Урбан слоевит аутфит во комбинација на бела и нежно сина боја

19 август 2019

Кога актуелните тенденции ќе ги имплементирате во вашиот имиџ на начин што зборува за вашата лична креативност и потреба да отстапите од стандардите, тогаш оставате свој стилски печат што ќе ве издвои од останатите.

Затоа, со нашиот денешен избор за Тренд аларм, решивме да направиме една автентична слоевита комбинација, што нуди можност за различни варијанти на спојување на парчињата.

Одбравме симпатчно плетено џемперче од Манго, по кратки ракави во нежно сина боја и го комбиниравме со романтичен бел миди фустан со предно закопчување.

Акцент на оваа комбинација ѝ дава актуелната мини чанта, што може да ја носите околу струк или преку рамо, како и накитот од школки од Parfois што нè потсетува дека сè уште уживаме во летото.

Очилата во необични геометриски форми се апсолутен хит, а ние одбравме токму такви за ултра модерен Тренд аларм.

Оваа комбинација може да ја надополните со бели патики – за спортски изглед, но исто така сосема соодветни се и отворени сандали на високи потпетици за женствен изглед.

Комбинација: Fashion Group Macedonia
Стајлинг: Fashionel.mk
Фустан, џемпер, чанта, патики: Mango
Очила за сонце, накит: Parfois
Фризура и шминка: Елена Лука
Модел: Ванеса Гоцева
Модна агенција: Моделс Ин

 

Објавено:
19 август 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.284 пати