Тренд аларм: Урбана комбинација со спој на сафари панталони и кежуал маица

20 јуни 2017

Ако го планирате летниот одмор и периодов шетате низ продавниците барајќи ги своите идеални комбинации, можеби ние ќе ви помогнеме.

Денешниот тренд аларм го посветуваме на една урбана комбинација, што веруваме ќе им се допадне на сите девојки и дами што го практикуваат таквиот стил.

Маслинесто зелените панталони со ногавици до глужд се апсолутен хит сезонава. Овие имаат фалти во предниот дел, а високиот струк и ременот ќе придонесат за истакнување на половината и генерално вашата фигура.

Сигурни сме дека парчето ви изгледа познато, бидејќи веројатно вашата мајка или баба имала слични вакви, но повторно е доминантно на модната сцена.

Ние ги комбиниравме панталоните со обична, лежерна бела маичка со натпис и сандали на висока и полна потпетица во беж нијанса.

Оваа комбинација е вистински тренд аларм бидејќи е идеална и за опуштени летни прошетки или забави, но и секојдневните активности кога е сепак потребно да изгледате средено, но не и униформирано. 

Исто така, дозволува и трансформации, па можете да ја приспособите на вашиот сензибилитет. 

 

Комбинација: Fashion Group

Панталони, маица, сандали: Манго

Модел: Евгенија Миленкова

Агенција: Моделс Ин

Шминка: Елена Лука

Реализација: Fashionel.mk

Објавено:
20 јуни 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
526 пати