Тренд аларм: Ведри бои во пролетна комбинација од P.S Fashion

13 мај 2015

Пролетта секогаш ја замислуваме во многу бои. Нашата денешна комбинација од P.S Fashion, e токму во таков колоритен фазон.

Во овој пролетен стајлинг избравме фармерки со екстра висок струк, кои се исклучително модерни и удобни и ги комбиниравме со карирана кошула која го освежува изгледот.

Овој тренди изглед е идеален за дневно кафе со пријателките, но исто така доколку го комбинирате со високи потпетици и впечатлив накит, тогаш добивате совршена комбинација и за вашите вечерни излегувања.

 

Модел: Ивана Васовска

Објавено:
13 мај 2015
Категорија: 
Тренд