Доколку ги следевте пролет-лето колекциите за следната сезона од 2015 година, тогаш сигурно сте забележале низа трендови, од кои еден е највпечатлив и изобилува со богати бои од спектарот на виножитото. Пролетта автоматски е предвесник на нешто весело и забавно, а оттука и дизајнерите не случајно ја насочија инспирацијата и кон силните бои и тоа во заедничка комбинација.
Иако на презентациите од неодамна прикажаните модни недели од метрополите изобилуваа белата и црната боја, дизајнерите и брендовите во пар наврати не заборавија да вметнат и ведри нијанси од креациите. Иако канадското дуо Дискверд се препознатливи по рокерските темни изгледи, овој пат на писта често покажаа поинаква „светла“ страна. Па’ така браќата Катен за разлика од останатите дизајнери имаа колекција исполнета со многу боја.
DSquared2
Покрај Дискверд и во ревиите на Дрис Ван Нотен, Ајсберг, Роксанда Илинчиќ и Питер Пилото исто така можеа да се забележат впечатливо контрастни парчиња кои им пркосеа на темните нијанси.
Dries Van Noten
Сега предвреме знаете дека почетокот на следната пролет треба да го означите со светлите и весели бои на винижитото.
Dsquared2
Iceberg
Marques Almeida
Marques Almeida
Roksanda Ilincic