Тренд аларм: Вистинска зимска комбинација
•
29 декември 2014
Снегот не' израдува, па токму затоа за денес ви подготвивме светла и топла зимска комбинација. Топлите џемпери ги сакаме сите, не само поради удобноста и топлината што ни ја нудат туку и поради можноста за лесно комбинирање. Денес долгиот џемпер во беж нијанса кои оди во комбинација со шал го вклопивме со светло сина тексас кошула и кафени, тесни фармерки.
Овој изглед го дополнивме со спортско елегантни чевли во карамел нијанса, изработени од високо квалитетна превртена кожа и ранче што оваа сезона е задолжително парче. Модните додатоци како и секогаш претставуваат одличен начин за комплетирање на целосниот изглед, ние за денес предлагаме златни нијанси.
Пријатен зимски ден!