Тренд аларм: Впечатлива светкава блуза + црни класични панталони

9 јануари 2019

Иако новогодишните забави поминаа, тоа не значи дека не треба да одбереме шик парчиња и да се покажеме во најдобро светло на прославата за Стара нова година што е пред нас.

Доколку веќе ви здодеаја фустаните, не заборавајте дека одлични комбинации можете да направите и со парчиња како шик блузичка и елегантни панталони.

Токму таква е и комбинацијата што денеска ви ја предлагаме, а е составена од впечатлива светкава блузичка во пруги во неколку бои и црни „ѕвонасти“ панталони.

Комбинацијата ние ја надополнивме со високи црни потпетици што совршено ја истакнуваат линијата на панталоните.

Секако, шминката и фризурата се нешто на што морате да му посветите внимание, па така тие и овојпат одлично ја надополнуваат комбинацијата.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Стајлинг: Fashionel.mk

Блузичка, панталони, потпетици: Mango

Модел: Тадеа Павловска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
9 јануари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.316 пати