Високите температури се чини ќе бидат наше секојдневие, па сега е вистинско време да ги најдеме сите стилски парчиња во кои ќе се чувствуваме удобно.
Истите мора да бидат направени од пријатен материјал за да можеме на вистински начин да се справиме со жештината и воедно да ги извршуваме секојдневните обврски.
Денеска ви предлагаме една прекрасна комбинација составена од две неодоливи парчиња на кои им додаваме шик модни додатоци кои се must have секое лето.
Носиме кусо бело здолниште со ремен што можете да го врзете на различни начини и го комбинираме со плетена блузичка во крем нијанса како една од омилените во текот на жешките летни денови.
Комбинацијата ја надополнивме со тренди сандали со животински принт како едни од најудобните сезонава.
Тука не застанавме, туку стајлингот го заокруживме со сламена шапка со интересни детали во горниот дел и чантичка во вид на корпа како еден од најтренди моделите ова лето.
Комбинација: Fashion Group Macedonia
Стајлинг: Fashionel.mk
Здолниште, маичка, сандали, торбичка: Mango
Шапка: Parfois
Модел: Ирина Јонческа
Модна агенција: Моделс Ин
Фризура и шминка: Елена Лука
Локација: Старо Буре, Кучково