Тренд аларм: Зелена кошула – фустан за стилски пролетни денови

17 мај 2017

Веќе знаете дека кошула – фустанот е едно од омилените парчиња за оваа сезона, па голем дел од познатите брендови веќе ги лансираа омилените модели на девојките.

Пролетва ова е задолжително парче кое ќе можете да го носите во многу пригоди, а притоа да изгледате тотално шик и стилски.

Она што ние денеска ви го предлагаме е оваа кошула – фустан во темно зелена боја, изработена од прекрасен свилен материјал со долги ракави и мали отвори од страните.

Иако можеби не се за секоја пригода, мора да признаете дека влечките се едни од омилените модели на чевли оваа пролет, па така ние сакаме да ја комбинираме кошулата – фустан токму со едни такви.

Станува збор за модел во малку посветла варијанта со златни украси по површината, а истите можете да ги носите со голем број на комбинации и да уживате во нивната удобност.

Комбинацијата единствено украсете ја со овие супер шик обетки во темно зелена нијанса во кои знаеме дека ќе се заљубите од прва.

Стајлинг: Fashionel

Комбинации: Fashion Group

Кошула – фустан: Springfield

Влечки, обетки: Parfois

Модел: Фросина Блажеска

Модна агенција: Models In

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
17 мај 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.525 пати