Тренд аларм: Женствена комбинација за посебни пригоди

4 мај 2017

Во најубавиот пролетен период кога започнува прекрасната сезона на свадбени и други прослави, дефинитивно треба да одберете неколку комбинации со кои ќе блеснете каде и да се појавите.

Оваа сезона заборавете на едноставните црни фустани и одберете нешто многу поуникатно во кое верувајте, ќе изгледате подеднакво добро.

Денеска ви предлагаме комбинација составена од две парчиња кои можете да ги носете посебно, но и заедно со што би изгледале како тесен и секси фустан.

Станува збор за блузичка со долги ракави и отворен грб и тесно здолниште до колената за софистициран и посебен изглед на секоја девојка.

Истите се со црно – бел принт, а многу се лесни за комбинирање, па така ние сакаме да ги носиме со овие сандали на висока потпетица кои се супер удобни.

Комбинацијата украсете ја со ова чокер ланче со приврзок во форма на круг во предниот дел и секако, едноставна шминка и фризура за уште повпечатлив изглед.

Стајлинг: Fashionel.mk

Комбинација: Fashion Group

Блуза, здолниште: Springfield

Чевли: Bata

Ланче: Parfois

Модел: Елена Србиноска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка: Елена Лука

Објавено:
4 мај 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.166 пати