Започна нов месец, а ако размислувате со што да се подновите, ние имаме еден одличен предлог за вас. Се работи за златна металик маичка на кратки ракави. Бојата е совршена за летните денови, бидејќи одлично ќе изгледа на потемнетиот тен, а и лесна е за комбинација.
Можете да ја носите со син џинс до глужд, како во нашиот случај, но ќе изгледа добро и на бел џинс или пак некои куси панталончиња, во зависност од тоа што преферирате.
Она што посебно ни се допаѓа кај неа е големиот карнер во долниот дел, како и малите и интересни украсни во вид на апликации или мали брошчиња во предниот дел.
Лесна е, леелава и тенка, што уште повеќе ја прави совршен летен предлог, а можете да ја најдете во продавниците на Манго.
Комбинација: Fashion Group Macedonia
Маица, џинс и сандали: Mango
Модел: Евгенија Миленкова
Агенција: „Моделс Ин“
Шминка: „Елена Лука“
Реализација: Fashionel.mk