Тренд: Целосно бели комбинации потенцирани со златни детали

24 август 2019

Ако сакате да постигнете отмен изглед, особено доколку во прашање е некоја посебна прилика, тогаш постојат неколку модни „правила" што доколку соодветно ги примените, ќе го остварите посакуваниот резултат.

Доколку не сте во можност да експериментирате и сакате да „играте" на сигурна варијанта, една меѓу тенденциите што важи за беспрекорно елегантна, е аутфитот што вклучува монохроматски изглед – парчиња исклучително во бела боја, акцентирани со златни детали.

Ова подразбира комбинација во која слоевитоста е постигната благодарение на изборот на различни ткаенини, дезени и кроеви на парчињата што ги поврзува белата боја, а накитот и деталите се во златна варијанта.

Комбинациите што може да постигнат ултра шик ефект се бројни, а ние издвојуваме неколку за дополнителна доза инспирација.

Објавено:
24 август 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
901 пати