Тренд: Џемперите оваа сезона ги носиме и како шал!

6 ноември 2014

Следниот пат кога ќе одите во шопинг и ќе го најдете џемперот што ви се допаѓа, купете две парчиња од истиот, бидејќи ние ви гарантираме дека ќе ви бидат потребни!

Оваа сезона, покрај тоа што џемперите влегуваат во буквално секоја комбинација без разлика на пригодата, последните трендови ги носат на едно сосема поинакво ниво, позабавно од кога и да е.

Последниот урбан тренд сезонава, на трендсетерките им овозможува искористување на џемперите до максимум, па така, оваа есен ги носиме и во функција на омилените зимски додатоци, односно како шал.

Главните „виновници“ за овој тренд се дизајнерите Кристоф Лемар, Дерек Лам и секако, уникатната Соња Рикел кои го запознаа светот со новиот начин на носење на омилените џемпери во зима.

Џемперите се фантастичен избор за нагласување на секоја комбинација, па токму поради тоа, оваа сезона носиме дури два одеднаш!

Единствениот трик што морате да го знаете доколку ви се допадна новиот тренд, е секогаш да избирате потенок џемпер за да можете да го поставите во каква форма и да сакате околу вратот.

Оваа сезона бидете храбри и уникатни и први започнете го овој тренд низ вашите омилени скопски улици!

Објавено:
6 ноември 2014
Категорија: 
Тренд