Тренд: Есенски фустани од тантела

28 октомври 2015

Бела кошула, црни панталони, „оксфордки" – и фустан од тантела. Вака изгледа списокот на есенцијални тренди парчиња за оваа сезона.

Иако црниот тантелен фустан е класика, сепак за IT девојките прв избор оваа есен се оние фустани што се изработени од тантела во бордо или спектар на интензивни бои и комбинации помеѓу нив, како впечатлива сина, розова или виолетова.

Играта со должините исто така е присутна, а тоа значи дека оваа сезона ќе носиме од мини тантелни фустани до такви со макси должина што може да ги комбинирате и во елегантни аутфити за посебни прилики, но и во поедноставни секојдневни варијанти.

Објавено:
28 октомври 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.867 пати