Тренд на неуредна шминка: Бунт против перфекционизмот

18 јуни 2022

Низ годините сме биле сведоци не постојана флуидност на модните трендови, како и трендовите во шминката.

Од загасена „smoky" шминка во земјени тонови, мат пудра и бронзер, трендот полека се префрли на сјајна „glossy" шминка која имаше за цел да му даде „мокар" изглед на лицето. Минатите неколку години во тренд беше и „the no makeup" шминка со која се постигнуваше природен изглед. Но за овој тренд да биде „успешен", потребна е совршена и здрава кожа како основа, а до неа се доаѓа или со добра генетика, здрава изхраана и здрав живот, или „скапа рутина на нега од 10 чекор.

Сепак дојде време и на нови промени. Трендот што настапува овојпат е тренд на „неуредна шминка" која го слави несовршенството и му се буни на перфекционизмот. Овој тренд дозволува повеќе игра со шминката и отвора поширок креативен прозорец. А креативноста понекоѓаш доаѓа со неред.

Ова е јасен знак дека на жената ѝ смачено од наметнатото совршенство кое е тешко да се постигне во реалноста, каде темпото на живот и работа е толку брзо. А за бунт потребни се храброст и самодоверба.

Доколку сакате да се впуштите во ова диво експериментирање со шминката, ние ќе ве поттикнеме со неколку примери кои можат да ви послужат како инспирација:

 

Објавено:
18 јуни 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
40 пати