Тренд на преодната сезона: свилено здолниште во комбинација со џемпер

2 април 2021

Времето е неизвесно за целосно да им кажете збогум на џемперите. Токму затоа, пролетта е одличен период во годината за да правите комнинации меѓу зимските парчиња како џемперот и летните како здолништето од свила. 

Со должина под колената или макси, здолништата од свила се полн погодок. Тоа го покажаа Раф Симонс и Мајкл Корс.

Раф Симонс и Мајкл Корс

Уштен еден важен момент е монохроматската нишка како важен тренд. Погрижете се здолништето и џемперот да се во иста боја. Што се однесува до материјалот, не е нужно секогаш да е свила. Можете да најдете и сатенско здолниште, но важно е да го има оној лелеав, летен, гламурозно романтичен момент.

Џемперот може да е со средна должина или кроп, но главиот ефект се постигнува со макси, oversize.

Објавено:
2 април 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.375 пати