Тренд: Оваа пролет задолжително набавете си шик панталони!

31 март 2015

Со доаѓањето на пролетта, конечно се појавија најубавите трендови од кои ние сме дефинитивно воодушевени! Покрај одличните фустанчиња кои некако сами по себе се провлекуваат како пролетен тренд, оваа сезона на пиедестал се и панталоните!

Во вашиот плакар оваа пролет задолжително мора да имате широки панталони со висок струк, но и по некој чифт тесни со должина до глуждовите.

Светските дизајнери оваа сезона нудат голем број на совршено скроени модели на панталони, меѓу кои и такви со принт, широки, тесни и со многу шармантни дезени.

Нашите омилени за следната сезона се белите со црни точки од ресортот на Ралф Лорен во кои веруваме дека ќе се заљубите на прв поглед!

Она што е особено позитивно кај панталоните како тренд, е тоа што можете да ги комбинирате со било што и да посакате, секогаш во зависност од пригодата.

Оние широките со висок струк без размислување комбинирајте ги со краток шик топ, а оние потесните пак, со секси кошула со долги ракави или некоја впечатлива блузичка.

Денеска ви претставуваме некои од најбараните и најобожуваните модели на панталони за актуелната пролет за кои знаеме дека ќе ви се допаднат!

Објавено:
31 март 2015
Категорија: 
Тренд