Тренд: Плетени парчиња во летно издание!

27 јули 2015

Трендот од 70 – тите, оваа година повторно доминира на модните писти, благодарение на фасцинантните идеи што ги имаат дизајнерите.

Иако плетените парчиња се вистински хит во зима, нивна полесна варијанта е одлична и за во летниот период кога температурите не се многу високи.

Плетените парчиња се исклучително популарни ова лето, бидејќи истите се многу удобни, модерни, но можат и да се комбинираат со многу лесни парчиња.

Ова лето, од пистите директно на улиците имавме можност да видиме многу интересни плетени фустанчиња, кратки маички, здолништа и што уште не. Истите, гордо беа презентирани од модните куќи како Проенза Скулер, Нина Ричи и Лове.

Парчињата пак од дебела, богата волна, дизајнерите ги оставаат за вистински студените денови, кога плетениците навистина ќе ни бидат потребни.

Засега, уживајте во лесните плетени парчиња што ние ги обожуваме!

Објавено:
27 јули 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
937 пати