Тренд: Портокаловата во зимскиот гардеробер

21 јануари 2021

Периодов ни е потребна малку боја во секој аспект од животот, а не е исклучок ни модниот. Дизајнерите не останаа должни на ова социјално-емоционално барање, па одоворија вклучувајќи ја во колекциите портокаловата во жешка и смела варијанта.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Stylight (@stylight)

Инкорпорирана во вистинските зимски материјали, портокаловата може да биде полн погодок и за зимскиот гардеробер. Модните додатоци се одличен начин да почнете со внесување на портокаловата во својот изглед, па вметнете ја во чевлите, чантата, шешир, турбан.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@elenaluka_official)

Ако сте похрабри и не се плашите од боите, на располагање имате капути, џемпери, туники, панталони, одела, мантили, фустани и што не. Ваше е само да сакате да се освежите. И еве ви причина за шопинг!

Објавено:
21 јануари 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
581 пати