Тренд: Раскопчајте ја кошулата

24 јули 2013

Кошулите се едни од безвременските модни парчиња. За разлика од порано, кога се носеа закопчани „до гуша“, со што се алудираше на конзервативност, но во исто време и скриен сексапил, модните стручњаци за ова лето порачуваат да бидеме слободни.

Со фустан, здолниште или панталони, раскопчајте ја кошулата, нека ви паѓа слободно на телото. Така ќе делувате опуштено, лежерно, токму како за во лето.

Објавено:
24 јули 2013
Категорија: 
Тренд