Тренд: Широките ракави остануваат актуелни и во 2021
•
18 февруари 2021
Носејќи одредена доза романтизам со себе, широките ракави и оваа сезона ги обземаат рацете и рамениците па остануваат во мода како клучен важен момент.
Можеби на моменти делуваат како визуелно да ќе го зголемат волуменот на изгледот, па дизајнерите ќе се откажат од нив. Но не, со вистинското комбинирање, широките ракави можат да бидат вистински погодок.