Тренд: Шорц во пролет и како да го носите?

16 април 2021

Шорцевите спаѓаат во категорија трендовикои доаѓаат и си одат, но изгледа дека овој тренд, барем последниве неколку години, никаде не мрда. 

Шорцевите за прв пат се појавиле во 1914 година кога Натанијел Коксон дошол до идеја да создаде работна униформа со кратка ногавица, за на работниците да им е поудобно на високи температури. Останатото е историја!

Во 2021 година, шорцот е есенцијален дел од женскиот гардеробер, а можностите со него се безбројни - во канцеларија со кошула и елек и високи потпетици, на шетање со патики и навечер со сандали на висока потпетица.

Секогаш внимавајте, да е со соодветна должина - повеќе да поктива отколку што открива. И ако се одлучувате за шорц, горе заборавете на кроп топ - во спротивно делувате невкусно.

Објавено:
16 април 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.905 пати