Тренд: Шорцеви со висок струк

17 мај 2014

Иако времето не ни дозволува комплетно да се одделиме од есенско-зимската облека, сепак за сите оние што со нетрпение го очекуваат летото или го планираат летниот одмор ги презентираме тренди шорцевите.

Дезените се неодминливи, а тука се и секогаш актуелните тексасни. За разлика од претходните години кога девојките носеа шорцеви со што понизок струк, оваа година набавете си го ова парче со висок струк. Не само што ќе бидете во тренд, туку и подобро ќе изгледате.

Во зависност од тоа дали ќе се одлучите за поелегантна варијанта, со тесни ногавици, или пак спортска (со широки) за секојдневни активности, изберете го соодветниот модел и направете си уникатна комбинација со маица, кошула, сако, туника...

Во продолжение погледнете ја галеријата и инспирирајте се за нови комбинации:

Објавено:
17 мај 2014
Категорија: 
Тренд