Тренд: „Шпански“ здолништа

1 април 2020

Април е, надвор врне снег, а ние сме во изолација и размислуваме за лето. Можеби ова ви измами насмевка на лицето, но факт е дека ситуацијата е навистина таква.

Кога размислуваме за лето, мислиме на тоа дека оваа ситуација ќе помине и ќе бидеме во можност да прошетаме слободно низ улиците кои можеби до вчера и не ни биле така омилени.

А модните брендови, и покрај кризата, ги пласираат трендовите за следните месеци. Така, ова лето ќе шетаме во таканаречени шпански здолништа. Познати се и како слоевити здолништа, а ги викаат и „торта здолништа“.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Blue Eyed Girl Boutique (@shopblueeyedgirl) onNov 18, 2019 at 12:33pm PST

Се работи за модел кој е слоевит, односно се шири во долниот дел и најчесто е со макси или миди должина.

Поеднакво добро изгледа и во еднобојна варијанта, но и со интересен цветен принт, принт со точки, тропски мотиви итн.

Доколку вашите мајки сочувале некој ваков сличен модел од нивната младост, сега е моментот да го присвоите.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@stilguncesi) onFeb 24, 2020 at 4:15am PST

Со класична кошула, маица или пак некој топ ќе изгледа одлично. Оние со тантела можат да бидат мошне нежни и софистицирани, па да ви послужат и за составување на комбинација за некоја свеченост.

Уличните брендови го препознаа овој тренд кој срамежливо се проткајуваше на модните недели, па во голема мера придонесоа и за неговата популаризација.

Во продолжение погледнете неколку предлози и чувајте го здравјето, седете дома, за да можеме пролетта и летото да ги уживаме во целост.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@celebritystyle.1) onNov 2, 2018 at 12:43am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ALaBow (@alabow15) onFeb 27, 2020 at 8:39pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Elegante Dame (@the_elegante_dame) onFeb 18, 2020 at 7:55pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MADISON (@madison_onpeddar) onJul 7, 2015 at 10:48pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ANDREA NAHLE (@andreanahle) onJan 18, 2019 at 1:24pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Crna Gora MODABLOG (@cgmodablog) onMar 21, 2020 at 8:06am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@kaori19) onJul 16, 2019 at 9:32pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Moonistyle(@moonistylepicks) onMar 20, 2020 at 12:44am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Reformation (@reformation) onMar 19, 2020 at 1:29pm PDT

 

Објавено:
1 април 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.827 пати