Тренд: Враќање во училишните денови

19 август 2014

Веќе неколку сезони наназад, трендот на  „училишен“ изглед ужива големи симпатии и кај дизајнерите и кај трендесетерите.

Модерните верзии на училишниот ранец, униформата, ниските чевли, часовникот, но и омилениот нотес, често може да ги видиме во дневните тренди комбинации на модните гуруа. Од една страна овој стилски правец можеби носталгично потсетува на безгрижните училишни денови, но од друга страна е доста практичен, удобен и со соодветни трансформации може да се адаптира на различни пригоди: од дневни деловни состаноци до неформални вечерни излегувања со пријателите.

 

Она што можеби е прва асоцијација за „училишен“ изглед, се униформите. Во некои варијанти тие вклучуваат сакоа со амблеми, а во други карирани и фалтирани здолништа.

 

 

Училишниот ранец е секако задолжителен момент во секојдневието на учениците и студентите. Кај трендесетерите пак, ранецот е значаен моден додаток кој истовремено треба да ја замени улогата на класичната чанта.

 

 

Со оглед на тоа дека удобноста е приоритет во изборот на овој стил, секогаш предност имаат ниските чевли во однос на високите потпетици.

 

 

Класичните нотеси пак, сега се заменија со напредните технолошки иновации како паметните телефони и ајподи, но и тука креативноста не ни е ограничена со оглед на тоа што може да избираме од безбројните решенија за уникатни опаковки.

 

 

 

 

Објавено:
19 август 2014
Категорија: 
Тренд