Тренд за оваа пролет: Неодолива кошула фустан што мора да го набавите!

20 април 2015

Покрај тоа што ова парче е неверојатно удобно и лесно за комбинирање, кај него оваа пролет одат сите модни поени!

Кошулата – фустан е нешто што задолжително мора да си го набавите, бидејќи ова парче ќе ви ги олесни сите утрински маки со кои се соочувате пред плакарот.

Модните брендови и дизајнерите тоа го знаат, па оваа пролет нудат богата палета на избор токму од вакви парчиња во сите бои и кроеви.

Истите се совршен начин да се ослободите од здодевните фустанчиња со едноставен крој и да внесете малку свежина и имагинација во вашите комбинации.

Бидејќи е пролет, ние ги одбравме најубавите вакви парчиња во свежи и светли нијанси со кои веруваме дека ќе ви го олесниме секојдневниот избор на комбинации за на работа, но и за прошетка и кафе со пријателите.

Ваквите фустанчиња можете да ги комбинирате буквално со сите ваши обувки, во зависност од кројот и стилот на парчето. Особено добредојдени оваа пролет се едноставните кошула кроеви кај овие парчиња кои без проблем можете да ги комбинирате со вашите омилени патичиња или ниски чевлички.

 

За вечерните излегувања, одберете некои пософистицирани модели претежно во бела боја и комбинирајте ги со стилски, високи потпетици или сандали.

Накитот и модните додатоци секако се ваш избор!

Објавено:
20 април 2015
Категорија: 
Тренд