Тренди фармерките што го преплавија Инстаграм

5 февруари 2016

Модните блогерки се тие кои постојано промовираат нови трендови на социјалната мрежа Инстаграм кои веднаш потоа стануваат инстант хитови. 

Овој пат, станува збор за искинатите фармерки на австралискиот бренд One Teaspon кои девојките едноставно ги обожаваат. 

Она што дополнително му помогна на брендот се познатите девојки како Џиџи Хадид, Кендал Џенер и Хејли Болдвин кои во неколку наврати сме ги виделе токму со фармерки од овој бренд. 

Покрај тоа што се навистина стилски сами по себе, овие фармерки се и одлични за комбинирање, па така можете да ги носите и со наједноставна маичка, а сепак комбинацијата да изгледа шик. 

Со оглед на годишното време, сега одберете некои од нивните подолги модели, додека за првите сончеви зраци, брендот има фантастична понуда на куси фармерки во истиот стил. 

 

Објавено:
5 февруари 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
6.056 пати