Во текот на летото нема ништо поубаво од лежерна и удобна маичка во која ќе можете да уживате целиот ден без да ви биде ултра топло, а сепак да бидете стилски.

Познатиот полски бренд Reserved летово има одлична колекција полна шик маички за сите пригоди во кои ќе сакате да ги поминете сите денови.

Омилениот бренд на девојките ширум светот сезонава понуди елегантни, но и секојдневни маички изработени од супер материјал, надополнети со тантела, колоритни детали, отвори на грбот и што уште не.

На сите ваши комбинации овие маички ќе им дадат женствена естетика, без разлика дали ги носите со широки фармерки, со плисирано здолниште или пак куси панталони.

Што се однесува до вечерните излегувања, брендот нуди и елегантни маички на тенки прерамки кои ќе ви го олеснат изборот кога нема да знаете што да облечете.

Боите варираат од интензивни, па сè до неутрални, а ќе најдете и едни од омилените сезонава како најголем тренд што се враќа од 90 – тите, обоените маички што некогаш ги обожававме.

Инфо и фото: Reserved, Fashion.hr

 

Објавено:
18 јули 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
548 пати