Трендот кој се враќа во мода оваа пролет: Џинс во боја и како да го носите

2 март 2021

Со години наназад сме навикнати да ги носиме фармерките во оние неколку нијанси на сина, евентуално еден пар во црна боја. 

Но, оваа пролет резервирајте ја за џинс во секоја друга боја! Највпечатлив е црвениот, додека актуелни се и пастелните нијанси на жолта, виолетова, зелена. 

Секогаш сигурна варијанта е да го комбинирате со црна или бела маичка, блуза или кошула. Сепак, може да се одлучите и за уште едно парче тексас, како на пример класична тексас јакна. 

Полн погодок се и монохроматските комбинации, па така, ако носите црвени фармерки, комбинирајте ги со црвена тексас јакна и црвени детали.

 

Објавено:
2 март 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.035 пати