Трендовски комбинации за вечерни излегувања од блогерките Ангела Ѓоргиева и Александра Трпеска

30 октомври 2019

Доколку ја сакате модата и ги следите трендовите, но не секогаш имате идеја како да се облечете за некое вечерно излегување, тогаш ова е текстот за вас.

Инспирацијата ја најдовме кај блогерките Ангела Ѓеоргиева и Александра Трпеска, кои вчера присуствуваа на ревијата организирана од „Добредојде" Macedonia Welcome Centre(DMWC).

Двете одбраа парчиња од модниот бренд Елена Лука, каде доминираат црните нијанси и сјајот, но ги комбинираат на сосема различен начин.

Ангела се одлучи за интересно здолниште со впечатлив принт во златни нијанси. Го искомбинира со црн корсет и долго црно палто. 

Црна чанта, златни обетки и рамни чизми на врзување се најзиниот избор на модни додатоци со кои ја заокружува комбинацијата. Лежерно, а сепак впечатливо, елегантно и удобно.

-Елена Лука навистина има многу парчиња и за млади девојки. Би кажала дека имаат креации за сечија возраст и за секоја пригода, така што јас навистина се пронајдов. Им препорачувам на сите да ги посетат нивните салони, младите за нив ќе најдат тренди, но и специфични парчиња, по кои брендот и е препознатлив. Исто така, со оглед на тоа што се работи за домашен, македонски бренд, со македонски дизајнери, треба да се поддржи уште повеќе тоа што го работат - ни кажа Ангела.

Од друга страна, Александра се одлучи за црн мини фустан со светки, кој е супер ефектно парче за вечерна забава. Таа го искомбинира со црни чизми до глужд на висока потпетица и широко црно палто, на кое исто така има украси кои го прават уште повпечатливо, а даваат урбана нота на стајлингот.

Мала чанта и дискретни обетки се одличен избор за заокружување на и така впечатливиот стајлинг.

-Од Елена Лука го забележаа мојот начин на модно изразување, се препознавме и имам целосна слобода да ги преточам во мојот стил. Мојата работа како блогерка се состои и од тоа да ги следам коментарите за комбинациите. Можам да кажам дека луѓето кажуваат дека им се допаѓа новиот дел на брендот, посветен на street облека, посекојдневни комбинации - потенцира Александра.

Повеќе за парчињата со потпис на македонскиот бренд Елена Лука можете да се информирате во нивните салони и онлајн продавницата на линкот ТУКА

Објавено:
30 октомври 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.282 пати