Трендовските комбинезони на пиедестал оваа есен

27 август 2014

Летото дефинитивно помина во знакот на кратките, едноставни и лесни модели на комбинезони.  И покрај тоа што летото полека но сигурнозаминува,  тоа не значи дека треба да им кажеме збогум на комбинезоните кои толку многу ги обожаваме. Модните брендови се погрижија комбинезоните да заземаат посебно место и во новите есенски колекции.

Емилио Пучи Емилио Пучи

Убавината на ова парче облека е во тоа што првенствено претставува целосна комбинација и воопшто не треба да ве загрижува дали горниот дел одговара со долниот. Втората работа не е само фактот дека изгледаат неверојатно стилски и модерно, туку и дека се навистина удобни и женствени. Со ваквите креации доволно е само да искомбинирате кожна јакна, долг џемпер или капут. Шапките и чизмите до глужд, но и чевлите со високи и рамни потпетици исто така се одлично решение за студените денови кои следуваат.

Макс Мара Макс Мара

Еве дел од најдобрите и најтрендовските модели на комбинезони кои дефинитивно ќе царуваат на градските улици претстојната сезона.

Објавено:
27 август 2014
Категорија: 
Тренд