Третото доба во уличната мода: Шаренило ослободено од комплекси

11 јули 2022

Третото доба во уличната мода е тема на популарниот блог Advanced Style, каде преку една инспиративна лепеза од фотографии се раскажуваат приказни кои допираат духовно и емоционално, а истовремено даваат мотив како оваа фаза од човечкиот живот со себе носи многу шаренило, слобода и нова димензија на себеспознавање.

Протагонистите на овој блог се луѓе кои се на прагот или веќе се навлезени во третото доба од својот живот и како ја користат модата како дискурс преку кој го пренесуваат уживањето во својата зрелост.

Тука ќе сретнете дами и господа кои сами по себе се животна, но и стилска лектира. Нивната зрелост и мудрост им ја дава слободата да бидат апсолутно тоа што ќе посакаат.

Шапка со пердуви во обичен ден или свечена облека во парк – нема потреба за објаснување. Тука инстинктот и личниот сензибилитет го креираат имиџот.

Запознајте ги на пример Џени, Оскар и Шау Минг. Џени е во љубов со турбаните и накитот, а флората и фауната им е заедничка страст со Оскар. Тие се репрезент на сите возбудливи приказни кои следуваат во продолжение и кои пленат со искреност, живост и инспиративност.

Објавено:
11 јули 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
538 пати