Три модни совети што ги научивме од убавицата Шарлиз Терон

10 јули 2014

Јужноафриканската актерка и поранешна манекенка, остави најголем впечаток на ревијата на висока мода на одличниот Диор каде се појави во друштво на нејзиното ново момче актерот Шон Пен.

Со својот моден избор пак, таа на сите девојки ширум светот им оддржа дури три модни лекции до кои дефинитивно треба да се придружуваме на нашите следни појавувања.

1.Помалку е повеќе

Телото во добра форма и паметно одбраниот фустан како нејзиниот мини металик во бојата на златото, е неверојатно добра комбинација која што дефинитивно ќе остави огромен впечаток. Истата не бара многу модни додатоци, а е и одличен избор за свечените прилики кога сакате да бидете во центарот на вниманието.

2.Покажете ги нозете, но не и деколтето

Сандалите на висока потпетица во неутрална боја визуелно ќе ги продолжат вашите нозе и ќе ги направат неверојатно витки. Ако носите комбинација што ги открива вашите нозе, дефинитивно немојте да го покажувате и деколтето.

3.Елеганцијата на кратката коса

Ако ова лето ви треба само малку храброст за да ја скратите косата, Шарлиз е вистинскиот пример за убавица со куса коса. Таа знае да ја заврши и заокружи секоја добра комбинација со добра фризура! Конкретно, нејзината форма ќе ви даде неверојатно опуштена летна елеганција и совршено ќе се вклопи во вашата летна модна приказна.

Објавено:
10 јули 2014
Категорија: 
Тренд